Во врска со многубројните барања за коментар околу развој на настаните во Украина, кои пристигаат во амбасадата на Русија во Република Македонија од средствата за јавно информирање, би сакале да известиме за следново.
Неодамнешниот државен удар и насилното преземање на власта во Киев станаа сериозен предизвик за принципите на демократијата и за владеењето на правото, екстремно ги влошија состојбите во Украина и ја доведоа земјата во исклучително тешка ситуација. „Владата на победниците“ која се најде на власт, се потпира врз радикални националисти и на кампања со цел насилна морално-психичка репресија врз неистомислениците, поттикнување русофобија и антисемитизам, рехабилитирање на фашистичката идеологија, потиснување на најосновните човекови права, со што предизвика длабок раскол во општеството и масовни протести.
На тој начин, моменталната криза во Украина е директен резултат на неодговорното однесување на новиот режим, има исклучиво внатрешен карактер и сите обиди одговорноста за случувањата да се префрли врз Русија се апсолутно неосновани.
На Руската Федерација, секако, не и е сеедно што се случува во таа соседна и пријателска држава, со чии народи нè поврзуваат повеќевековни односи на братство и на духовно заедништво. Се разбира, исто така сме длабоко загрижени за безбедноста и судбината на милиони наши сонародници кои живеат во Украина, и во случај на натамошно влошување на ситуацијата подготвени сме, во рамките на меѓународното право и на нашите можности, да им дадеме соодветна поддршка. Во исто време сме цврсто убедени дека решението за заострените проблеми може да биде најдено исклучиво од самите народи на Украина по пат на широк општонационален дијалог, со почитување на интересите на сите региони во земјата.
Земајќи ја предвид и онака висока напнатост околу настаните во Украина, сметаме дека е контрапродуктивно натамошно зголемување на тензиите, меѓу другото и во средствата за јавно информирање, и повикуваме на смирување на страстите.
Тргнувајќи од тоа дека е во интерес на сите заинтересирани страни во Украина, како и на целата меѓународна заедница враќање на внатрешните политички процеси во Украина во правната рамка на цивилизирани демократски односи. Русија на секој можен начин ќе дава свој придонес за тоа.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче