Претседателот на Русија, Владимир Путин, му пренесе на претседателот на САД, Барак Обама, дека Русија, во случај на проширување на насилството на истокот на Украина и на Крим, го задржува правото да ги заштити своите интереси и жителите кои зборуваат руски, пренесува РИА „Новости“.
„Кога Барак Обама изрази загриженост поради плановите за можна примена на руските вооружени сили на територијата на Украина, Владимир Путин му напомна за провокативното и криминално делување на ултранационалистичките елементи кои ја уживаат поддршката на сегашните власти во Киев“, се кажува во соопштението на информативната служба во Кремљ.
Претседателот на Русија посебно внимание посвети на реалната опасност по животот на државјаните на Русија и многубројните сонародници кои се наоѓаат на територијата на Украина.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче