Министерот за внатрешни работи на Украина, Арсен Аваков, ја обвини Русија за вооружена интервенција и окупација на Крим. Аваков тоа го напиша на својата страница на Фејсбук. „Ова е директна провокација за вооружено крвопролевање на територијата на суверена држава“, изјави Аваков.
Според зборовите на Аваков, ноќта меѓу 27 и 28 февруари, војници од Руската Федерација со автоматско оружје дошле на аеродромите во Севастопол и Симферопол. Аеродромот во Севастопол бил блокиран од војниците на Воената морнарица на Русија. На двата аеродрома, освен војниците на Руската Федерација, се наоѓаат и припадници на Министерствата за внатрешни работи на Украина, но меѓу нив нема засега никакви судири, ниту е применето оружје. Аваков додаде дека војниците на Руската Федерација одбиваат да стапат во преговори со украинската страна, изјавувајќи дека за тоа не се овластени.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче