„Убиените во Киев веќе се повеќе од дваесет. Ранети се стотици. Тоа е крв врз рацете на високите западни претставници кои во текот на посетата и состанокот со лидерите на украинската опозиција ги мотивираа истите на протести за кои гарантираа дека ќе бидат цивилизирани и мирни.
Во исто време, Западот ги врза рацете и нозете на украинската власт, предупредувајќи дека не смее да примени сила за да ја заштити уставноста и да воспостави елементарен ред. Сега се случува што се случува, а Западот не планира да преземе било каква одговорност, изјави генералниот директор на Меѓународната информативна агенција „Русија денес“, Дмитриј Кисељов.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.