Амбасадорот на Русија во Копенхаген, Михаил Ванин, е револтиран поради тенденциозното прикажување на Олимпијадата во Сочи преку данските медиуми, јавува ИТАР-ТАСС.
Дипломатот изрази чудење поради тоа што за одредени новинари, отворањето на Игрите со учеството на ѕвездите од рускиот балет и оперската дива Ана Нетребко, било „вулгарно“.
„Изгледа дека им недостасувале мечки во капи со црвени петокраки кои пијат вотка од самовар“, изјави амбасадорот.
Тој исто така истакна дека многу Данци изразиле воодушевување од церемонијата на отворање на Олимпијадата и покрај мислењето на новинарите.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче