Руските дипломати повторно можат да го посетат Гвантанамо

Не е исклучено дека руските дипломати повторно ќе го посетат затворот Гвантанамо, изјавија во МНР на Русија.

Не е исклучено дека руските дипломати повторно ќе го посетат затворот Гвантанамо, изјавија во МНР на Русија.

Таквата посета е можна само во рамките на напорите да се ослободи државјанинот на Русија, Равил Мингазов, кој повеќе од 10 години се наоѓа во тој затвор, а против него сѐ уште не е подигната официјално обвинение.

Руската владина делегација веќе беше еднаш кај него на посета.

„За нас е најважно да издејствуваме ослободување на Мингазов во контекст на затворањето на Гвантанамо. А, ако се случи тоа без потреба од наша посета - тоа би било прекрасно“, изјави претставник на делегацијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња