Во главниот град на Латвија жена нападнала друга жена во трговски центар заради тоа што се обратила на благајникот на руски јазик. Нападнатата жена го пријавила случајот во полицијата, после што била подигната истрага, пренесоа руските медиуми.
Според информациите на латвискиот телевизиски канал ТВ-5, до конфликтот дошло на Бадник во еден трговски центар во Рига.
„Стојам на касата, пред мене стои жена и ги става купените намирници. Го замолив благајникот на руски јазик да ми наплати ќесе. Тогаш жената пред мене започна незадоволно на латвиски да се жали“. Жената одлучила да не реагира и излегла од трговскиот центар. Тогаш била нападната со удар во челото, изјави нападнатата жена.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче