Медиуми: Русија може да ѝ помогне на економијата на Финска

Финска од генерација до генерација живее во сенката на својот огромен сосед, Русија, но денес стариот непријател може да помогне во решавањето на економските проблеми на Хелсинки, пишува The Taipei Times.

Финска од генерација до генерација живее во сенката на својот огромен сосед, Русија, но денес стариот непријател може да помогне во решавањето на економските проблеми на Хелсинки, пишува The Taipei Times.

Длабоката рецесија и финансиска криза може да ги натера Финците да се завртат накај Исток во барање на нови инвестиции, бидејќи постоечките предрасуди се голем проблем за комерцијалните трансфери.

Според последните податоци на владата на Финска, економијата на државата годинава ќе падне за 1,2%, што е полошо од планираните 0,5% претходно.

Руските инвестиции во периодот од 2002 до 2012 година изнесувале 338 милиони долари во оваа земја, што е 50 пати помалку од инвестициите кои дошле од Шведска.

Изданието забележува дека Финска засега не успева да го привлече посакуваниот обем на руски инвестиции, но и покрај тоа, во последните неколку месеци има забележан интерес од страна руските олигарси и Кремљ.

Во иднина улогата на Русија во Финска ќе расте, за што сведочи и договорот за изградба на нуклеарна централа од страна на Росатом во Финска. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња