Рускиот музеј во Санкт Петербург во рамките на празнувањето на 115-годишнината од своето постоење ќе ја отвори изложбата „Казимир Малевич. До и после Црниот квадрат“, а исто така ќе ја прикаже премиерата на операта „Победа над сонцето“, каде сите костими и декорации се направени според нацртите на уметникот, пренесено е на конференцијата за печатот организирана од страна на музејот.
Изложбата ќе започне на 5 декември и ќе биде отворена до февруари следната година. На гледачите ќе им бидат претставени околу 100 дела на уметникот.
Државниот Руски музеј е прв државен музеј во Русија за ликовна уметност, основан во 1895 година во Санкт Петербург по указ на императорот Николај Втори. Со работа започнал во 1898 година. Неговата колекција брои повеќе од 400.000 примероци и ги опфаќа историските периоди и тенденции на развој на руската уметност во последните 1.000 години.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче