Најмалку шестмина загинаа и неколку десетици се ранети во терористички напад на бомбаш-самоубиец во Волгоград. Според првичните информации, 30-годишна жена, која неодамна го прифатила исламот, го активирала експлозивот во градски автобус.
Во првите моменти како причина за експлозијата се спомнувал плинскиот уред. Меѓутоа, покасно се дозна дека автобусот немал погон на гас, туку на дизел. Освен тоа, во текот на прегледот на местото на трагедијата пронајдена е граната под каросеријата на автобусот.
Сите автобуси од градскиот превоз во Волгоград се повлечени од сообраќај поради детален преглед. Во градот има голема сообраќајна гужва, автомобили формираат километарски колони. Истражниот комитет покрена судска постапка во која извршителите се обвинуваат за „тероризам“, „убиство“ и „незаконски обрт со оружје“.
Во Волгоградската област е прогласена тридневна жалост која започнува од 22 октомври.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче