Новите автомати „Калашников“ ќе пристигнат во руската војска во 2014

Руската војска во 2014 ќе добие автомати „Калашников“ од новата генерација и неколку видови стрелечко оружје.

Руската војска во 2014 ќе добие автомати „Калашников“ од новата генерација и неколку видови стрелечко оружје. Ова во емисијата на радиото „Ехото на Москва“ го изјави Олег Бочкарјов, заменик на претседателот на Воено-индустриската комисија на Русија. Според неговите зборови, освен нови автомати, војската ќе добие пиштоли, митралези и снајперски пушки.

„Се работи за два модела АК-12 со калибар 5,45 и 7,62, при што ознаката ’Калашников’ ќе биде задржана“, изјави Бочкарјов. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња