Русија ќе го прати единаесеттиот воен брод во Средоземното море

Уште еден воен брод на руската Воена морнарица - „Јамал“, ќе влезе во Средоземното море на 29 септември, изјави во понеделникот за РИА Новости началникот на одделот за информатичка безбедност на Црноморската флота, капетан Вјачеслав Трухачов. Во моментов во водите на Средоземното море се наоѓаат 10 руски воени бродови.

Според податоците на Трухачов, екипажот на бродот ќе ја претставува Руската морнарица во текот на традиционалната „Руска недела“ во Грција. Освен тоа, во план е влегување на големиот десантен брод во грчкото пристаниште Пилос, каде морнарите на Црноморската флота ќе учествуваат во свеченостите по повод 186-годишнината од битката кај Наварин, како и во Црна Гора. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња