Мекејн ќе му одговори на Путин на страниците на весникот „Правда“

Сенаторот-републиканец Џон Мекејн, еден од најактивните критичари на Русија во американскиот Конгрес, подготвува статија за објавување во весникот „Правда“, печатено издание на Комунистичката партија на Русија.

Сенаторот-републиканец Џон Мекејн, еден од најактивните критичари на Русија во американскиот Конгрес, подготвува статија за објавување во весникот „Правда“, печатено издание на Комунистичката партија на Русија. Таа статија ќе претставува одговор на статијата на рускиот претседател Владимир Путин, која во четвртокот ја објави весникот „Њујорк тајмс“.

„Сенаторот Мекејн со задоволство ја прифати понудата и ќе напише статија“, изјави портпаролот на Мекејн.

Некои руски експерти иронично подвлекуваат дека Мекејн е „заглавен во 70-те години на минатиот век“, и веројатно мисли дека „Правда“, која излегува во мал тираж, е најчитан весник во Русија. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.