Претседателот на Русија, Владимир Путин, изјави дека потпишал указ за доделување материјална помош за настраданите од поплавите на Далечниот Исток, пренесува РИА Новости.
Според зборовите на претседателот, помошта ќе биде доделувана врз основа на искуството од поплавите во Кримск. „Најпрвин ќе дадеме по 150.000 денари на секое лице кое настрадало во поплавите, а што се однесува до куќите кои се оштетени, ќе треба дополнителна инспекција за да се определи помошта“, изјави Путин.
Претходно беше соопштено дека Путин долетал во Биробиџан за да ги разгледа поплавените подрачја и да се сретне со локалните претставници.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче