Синовите на сирискиот претседател учат руски и кинески

Осум Русинки по покана на сопругата на сирискиот претседател, Асма Асад ја посеетија Сирија.

Осум Русинки по покана на сопругата на сирискиот претседател, Асма Асад ја посеетија Сирија. После патувањето организирано од Фондацијата „Духовно наследство на Светиот Апостол Павле“, една од нив, новинарската Наталија Андрушченко, истакна дека синовите на сирискиот претседател учат руски и кинески.

„Претседателот и неговата сопруга имаат два сина и ќерка, а ние имавме можност да поразговараме со нивниот најстар син. Тој веќе четири месеци го учи рускиот јазик и веќе доста разбира, а помладиот син учи кинески“, кажа Наталија Андрушченко.

На прашањето: зошто Асма Асад ги повика гостите од Русија? - новинарката одговори: „Сакаше со нас да го сподели најважното за моменталната ситуација, бидејќи жените ја гледаат војната поинаку од мажите“. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња