Комунистите во Русија со „пиратски“ предлог-закон

Пратениците од Комунистичката партија на Руската Федерација внесоа на разгледување во Државната Дума закон за укинување на „антипиратскиот“ закон.

Во Државната Дума на Русија е внесен законски проект со кој се предвидува укинување на „антипиратскиот“ закон. Според експертите, моменталниот нов закон со кој се предвидува заштита на авторските права нема да ги донесе потребните резултати, како и пари во џебовите на авторите.

Пратениците од Комунистичката Партија, Иван Мељников и Олег Смолин го предложија законот со кој се предвидува укинување на „антипиратскиот“ закон, се известува на интернет-страницата на Државната Дума.

Во објаснувањето за овој предлог-закон се пишува дека во сегашната варијанта на законот нејасно се опишани поимите како „информатички посредник“ и „лица кои даваат пристап до материјалите или информациите“. Ваквите поими даваат можност за широки дефиниции и толкувања.

Исто така, пратениците објаснуваат дека со вој закон се предвидува блокирање на интернет-страниците според IP адресата, на кој истовремено може да постојат и неколку интернет-страници. Блокирајќи ја на тој начин IP адресата, провајдерот може да го забрани пристапот и до другите содржини кои не ги нарушуваат авторските права.

Комунистите предлагаат сегашниот закон да се замени со нов закон за заштита на правата на интелектуалната сопственост, но исто така и ина интересите на интернет-страниците и корисниците на Интернет. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња