WSJ: Сноуден стана најголемиот неуспех на американското разузнавање во последниве 60 години

Случката со програмерот Едвард Сноуден е најголемиот неуспех на американското разузнавање во последниве 60 години, пишува The Wall Street Journal.

Случката со програмерот Едвард Сноуден е најголемиот неуспех на американското разузнавање во последниве 60 години, пишува The Wall Street Journal. Според мислењето на весникот, оваа ситуација може да се спореди само со шпионската активност за време на Сталин. Тогаш, како што пишува весникот, семејството Розенберг предало на СССР „нуклеарно ноу-хау“, а сега Русите ги имаат тврдите дискови на Сноуден, на кои има повеќе американски тајни отколку што можат да украдат цел баталјон шпиони.

Како што пишува весникот, сега претседателот на Русија има „бескрајно многу опции за да го компромитира претседателот Обама и САД, објавувајќи фрагменти од информациите“.

Авторот на статијата пишува дека Сноуден треба да постапи како Даниел Елсберг, кој во свое време во весниците објавил документи на Пентагон за војната во Виетнам. Тогаш Елсберг се предаде на федералните обвинители, со што тој можел да добие 115 години затвор, пишува авторот на статијата. Меѓутоа Елсберг бил ослободен од сите обвиненија и се претворил во херој на движењето за граѓански слободи.

„Јас не сум предавник и не сум херој. Јас сум американец“, кажа Сноуден. „Така зборуваше и Елсберг. Но мачениците на Америка не се создаваат во Москва“, засклучува авторот на статијата. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.