Руските научници предупредуваат: новото ледено доба не може да се избегне

Според мислењето на научниците, глобалното заладување на климата не може да се избегне. Тоа е циклус кој човештвото не може да го промени.

Не може да се избегне Леденото доба на Земјата. Тоа е заклучокот на специјалистите во Институтот за екологија на растенијата и животните при Уралското одделение на РАН, пренесува за ИТАР-ТАСС директорот Владимир Богданов. „Глобалното заладување“ ќе настапи за неколку илјади години.

„За да се даде таква прогноза за иднината, ние ги истражуваме еколошките проблеми, а исто така се обидуваме да разбереме каков бил животот пред стотици илјади години“, изјави Богданов. „На Земјата сѐ е циклично - топлиот период го заменува студен и обратно. Сега живееме во период кога е топло. Сепак, за разлика од претходните периоди, нештата се одвиваат далеку побрзо. За последниве 100 години се забележува голема миграција на животните и растенијата на Север. Секоја година дрвата за половина метар заземаат нова територија во тундрите“.

„Според нашите набљудувања, климата на Земјата ќе станува потопла барем уште 50 години.“, забележа докторот по биолошки науки, раководител на лабораторијата за дендрохронологија, Валериј Мазепа.

Според мислењето на научниците, глобалното заладување на климата не може да се избегне. Тоа е циклус кој човештвото не може да го промени. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња