Победниците на Олимпијадата во Сочи ќе добијат медали со остатоци од метеорит

Метеорот на градите на победниците.

Победниците на Олимпијадата 2014 во Сочи ќе добијат дополнителни медали со остатоци од метеорит за годишнината од неговиот пад во Челјабинска, известува министерството за култура на Челјабинската област.

Метеоритот кој подоцна беше наречен Челјабинск, падна на 15 февруари во Челјабинската област. Неколку истражувачки експедиции ги собраа остатоците од метеоритот, и нивната хемиска анализа покажа дека на Урал паднал обичен кондрит од видот LLP - еден од видовите метеорити.

„Министерството за култура на Јужен Урал сака да придонесе кон овој значаен светски настан и на победниците да им врачи свои медали изработени со остатоци од челјабинскиот метеорит“, се вели во извештајот.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња