Државните тестирања на најновата воена опрема „Ратник“ продолжуваат, а официјалниот почеток на нејзиното користење во армијата на Русија се очекува до крајот на годината, пренесува за РИА Новости Антон Гончаров, претставник од Министерството за одбрана на Руската Федерација.
Вицепремиерот Дмитриј Рогозин претходно изјави дека „Ратник“ треба да биде прикажан во септември на саемот за вооружување во Нижни Тагил. Гончаров тоа го потврди додавајќи дека „Ратник“ најверојатно ќе биде претставен само пред ограничен круг луѓе.
„Ратник“ е руски комплет на воена опрема за „војникот на иднината“, кој вклучува современо огнено оружје, додатоци за ефикасна заштита, системи за извидување и комуникација - севкупно околу 10 различни системи. Според својата функционалност и супериорните намени во услови на борба, оваа опрема треба да обезбеди ефикасна заштита за војникот од различни штетни фактори на бојното поле. Комплетот „Ратник“ опфаќа околу 40 различни елементи.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче