Украина во првите шест месеци годинава со намален увоз на гас од Русија

Украина во првите шест месеци од 2013 купила од Русија 10,3 милијарди кубни метри природен гас, што е за 35% помалку од истиот период во минатата година, пренесува РИА Новости.

Украина во првите шест месеци од 2013 купила од Русија 10,3 милијарди кубни метри природен гас, што е за 35% помалку од истиот период во минатата година, пренесува РИА Новости.

За шест месеци преку територијата на Украина од државите во Западна Европа и ЗНД поминале 39 милијарди кубни метри гас, што е за 11% помалку од истиот период во 2012 година.

„И покрај намалениот увоз, гасоводот „Укртрансгас“ работи со 100% од своите можности“, изјави претседателот на компанијата, Сергеј Винокуров.

Намалувањето на количините купен гас е поврзано со желбата на Украина да се намали цената на гасот. Владата на Украина смета дека цената на гасот е доста висока. Државата бара алтернативни извори за увоз на гас.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња