Министерството за внатрешни работи на Велика Британија им забрани влез во оваа држава на 60 граѓани на Руската Федерација кои се наоѓаат во списокот Магнитски, пишува The Daily Telegraph.
Telegraph соопшти дека Британија веќе го има овој список, за што сведочи и конкретната парламентарна дискусија во Лондон.
Претходно стана јасно дека руските чиновници кои се нашле во „списокот Магнитски“ често ги посетуваат градовите на Европската унија.
Европскиот Парламент три пати ги повикува државите на ЕУ да изгласаат сопствена верзија на „списокот Магнитски“ и да им забранат влез во Шенгенската зона на лицата кои ќе се најдат во него.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче