WP: ОБСЕ ја повика Русија да им дозволи на семејствата од САД да за завршат процедурата за посвојување

ОБСЕ ја повикува Русија да им дозволи на 300 американски семејства да ја завршат процедурата за посвојување на руските деца, започната уште до усвојувањето на забраната, пишува The Washington Post.

ОБСЕ ја повикува Русија да им дозволи на 300 американски семејства да ја завршат процедурата за посвојување на руските деца, започната уште до усвојувањето на забраната, пишува The Washington Post. Како што забележува весникот, конкретно Русија во резолуцијата не се спомнува, иако станува збор имено за неа.

Во документот се кажува за меѓудржавниот договор за посвојување. ОБСЕ „препорачува на државите-учесницички да ги решат тешкотиите, споровите и несогласувањата кои се однесуваат на посвојувањето“, гласи во резолуцијата.

Освен тоа, претставниците на ОБСЕ бараат да се преземат посебни мерки „за да се избегне прекинот на процесот за меѓудржавно посвојување што веќе е во тек“. Како што предупредува резолуцијата, сличните пречки „можат да им пречат на интересите на детето, на семејството кое го посвојува детето, или да ги спречи потенцијалните родители од продолжување на процесот на посвојување“.

Документот беше претставен на годишната средба на ОБСЕ во Истанбул од американскиот сенатор Роџер Викер. Тој им изјави на насобраните дека „не е праведно“ да се менуваат правилата откако веќе родителите и детето се сретнале.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња