Џон Кери им се заканува на Русија и Кина со „последици“

Државниот секретар на САД со остар јазик кон Русија и Кина.

Државниот секретар на САД, Џон Кери ги предупреди властите на Кина и Русија за можни „последици“ во врска со случајот околу поранешниот соработник на ЦИА, Едвард Сноуден, пренесе во понеделникот агенцијата „Ројтерс“.

Кери на прес-конференција во Њу Делхи изјави дека Сноуден, кој го напушти Хонгконг и има намера да отпатува во Куба преку Москва - „ја издал својата земја“.

„Ние ќе бидеме разочарани и ако намерно му е дозволено да се качи на авионот. Тоа неминовно ќе влијае на нашите односи, а и последици секако ќе следат“, додаде државниот секретар. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња