Во Русија ќе биде создаден центар за роботи во градот Ковров во Владимирската област, соопшти во вторникот вице-премиерот на Русија, Дмитриј Рогозин.
Разгледувајќи ја фабриката каде треба да се создаде овој центар, тој соопшти дека се разгледува „можноста за создавање во оваа фабрика дополнителен оддел за производство на муниција“, пренесува РИА Новости.
Рогозин исто така ги соопшти плановите за создавање на центар за роботика. „Оваа фабрика може да стане единствено место за создавање на роботи“, изјави вице-премиерот.
Тој појасни дека намерно поради тоа во групата која ја посети оваа фабрика се вклучени и претставници на Фондот за перспективни истражувања.
Русија ги загуби сите позиции во роботехниката која ги имаше во 70-те и 80-те. Во 90-те се случи општ распад на целата индустрија која се занимаваше со разработка во оваа сфера. Според експертите, за развој на оваа сфера најмногу е потребно зголемување на финансирањето, но и создавање на специјална гранка во индустријата - производство на роботи.
Според зборовите на министерот, центарот за роботика ќе се занимава примарно со создавање и производство на роботи за потребите на војската, а потоа и за цивилниот сектор.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче