Владата на Москва ќе биде распуштена веднаш после оставката на градоначалникот

После прифаќањето на оставката од Владимир Путин, избори се очекуваат во септември.

Владата на Москва ќе поднесе оставка веднаш откако претседателот на Русија, Владимир Путин ја одобри оставката на градоначалникот на главниот град, Сергеј Собјанин, изјави претседателот на Московската градска дума, Владимир Платонов.

Собјанин во вторникот изјави дека наскоро ќе поднесе барање за оставка за да се одржат избори во септември. Тоа би биле првите директни избори за градоначалник во Москва после 10 години. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња