Претседателот на Русија потпиша указ за наградување на 24 работници од сферата на културата и уметноста

Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша указ за наградување на 24 луѓе со државни награди.

Претседателот на Русија, Владимир Путин потпиша указ за наградување на 24 луѓе со државни награди за големи заслуги во развојот на државната култура и уметност, како и за многугодишна плодотворна дејност.

Според указот на шефот на државата, еден од наградените е актерот во Московскиот академски театар „Мајаковски“, Михаил Филипов.

Ордени доби и Михаил Герцман, заменик на дирекорот на Републичкиот дом за творештво, главниот режисер на Државниот дворец во Кремљ, Евгениј Глазов, актерката на Московскиот уметнички академски театар „Горки“ - Лидија Матасова и други. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња