Обртот на трговијата на мало април во Русија се зголемил за 4,1% во споредба со април 2012 година, соопштува Статистичката агенција на Русија, додека во 2012 година беше забележан раст од 7% во споредба со 2011 година. Во 2013 година продажбата на стоки се зголемила за само 1,6%.
Намалената потрошувачка истражувачите ја поврзуваат со расположението на самите потрошувачи, односно нивната желба и оптимизам да трошат средства. Повеќе од 56% од анкетираните лица изјавиле дека во оваа година не гледаат добри вести и иднина за своите финансиски перспективи.
Во минатата година потрошувачите обезбедија 95% од растот на БДП на Русија.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче