Во Русија се планира воведување задолжителна процедура на земање отпечатоци од прстите од странците кои влегуваат на територијата на земјата. На почеток тоа ќе се однесува на жителите на оние земји кои влегуваат во Русија без виза, а подоцна процедурата ќе се применува на сите останати странци кои влегуваат во Русија.
„Од 2015 година во Русија се воведуваат електронски пасоши кои ќе имаат биометриски податоци на сопственикот - отпечатоци од прстите. Ако овие податоци се земаат од самите Руси, зошто да не ја примениме постапката и за странци“, изјави Руслан Гатаров, член на Советот на Федерацијата.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче