Премиерот на Израел, Бењамин Нетанјагу во наредните неколку денови ќе престојува во Русија, каде ќе се состане со рускиот претседател Владимир Путин.
Израелските медиуми кои се повикуваат на извори во Москва пренесуваат дека Нетанјаху на тој итен состанок со Путин сака да разговара за продажбата на С-300 на Сирија, односно да го убеди Путин да се откаже од истата. Истите извори наведоа дека Нетанјаху има доста мали шанси да успее во тоа.
Министерот за надворешни работи на Русија, Сергеј Лавров на новинарите им соопшти дека испораките на комплексот С-300 на Сирија не се предвидени, туку дека засега врши испораки на системи за противвоздушна одбрана во склад со веќе потпишаните договори.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче