Бројот на статии на руската Википедија надмина милион

Руската Википедија меѓу првите десет.

Руската верзија на Википедија на 11 мај го надмина бројот од милион статии. Милионитата статија се однесува на научно-истражувачката организација Life Extension Foundation. Интересно е тоа дека милионитата статија се појави точно на 12-годишнината на руската Википедија. Википедија на руски јазик се појави на 11 мај во 2001 година.

Верзијата на Википедија на руски јазик се наоѓа меѓу првите десет според бројот на статии и претставува најголема енциклопедија на руски јазик. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња