Светскиот навигациско-информациски пазар во 2020 година ќе порасне за 2,6 пати во споредба со 2012 година - од 63 милијарди до 165 милијарди евра, соопшти директорот на програмата ЕРА-ГЛОНАСС, заменик на генералниот директор на ОАО „НИС“, Дмитриј Марков. Притоа 54% од вкупниот број на услуги ќе премине на сегментот на опремата за автомобилите.
Претседателот на ГЛОНАСС, Александар Гурко, соопшти дека навигацискиот пазар во Русија до 2020 година ќе порасне за 20 пати - од 15 до 300 милијарди рубљи.
Од 2015 година сите автомобили во Русија треба да бидат опремени со навигациски систем, што ќе го стимулира пазарот на апарати со вградена навигација, како и дополнителни сервиси. Освен тоа, во НП „ГЛОНАСС“ сметаа дека во 2013-2014 година ќе започне активен развој на сервис-провајдерите кои даваат услуги врз основа на системот ГЛОНАСС.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче