Напаѓачот од Белгород го бара авијацијата и специјалните единици

Во потрагата активирана е и авијацијата.

Во Белгородската област продолжува потрагата по 31-годишниот Сергеј Помазун, кој на 22 април застрела шестмина во центарот на градот. Во воздух веќе се наоѓаат авиони и хеликоптери кои го бараат убиецот по целата област, а исто така и во реоните недалеку од украинската граница. Во потрагата се активирани и патроли по патиштата со повеќе од 1.000 полицајци и припадници на специјалните сили. И покрај објавената награда за негово фаќање од 4,5 милиони денари, досега убиецот не е фатен.

На локалните жители им е препорачано да не излегуваат од дома, освен доколку немаат потреба за тоа. Сергеј Помазун добро ги знае локалните места, и затоа полицијата не исклучува дека е возможно тој веќе да ја преминал незабележано руско-украинската граница.

Да потсетиме дека масовното убиство се случи на 22 април во центарот на Белгород, кога од BMW X5 Сергеј Помазун застрелал тројца продавачи во продавницата за оружје „Лов“, а потоа на улица застрелал уште тројца, меѓу кои и 14-годишно девојче кое во тој момент излегувало од соседната продавница за облека. После тоа Помазун се скрил, а празниот автомобил е пронајден во соседната населба. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.