Според податоците на специјалистите од НУИ-ВШЕ, во повеќето постсоцијалистички и средоземноморски држави, најчести причини за работењето некаде се платата и можноста за раст. Во западноевропските и скандинавските држави работниците почесто ја спомнуваат и можност да се добие задоволство од самите работни постигнувања.
55% од Русите работат понапорно само доколку имаат поголема плата, или имаат шанса да добијат поголема плата и напредување во службата. Платата е приоритетна кај сите возрасти, кај мажите и кај жените. Поради посебните услови, во медитеранските и постсоцијалистичките држави се ценат, исто така, и гаранциите за долготрајна работа. Истражувачите изјавуваат дека Русија заостанува од аспектите како иницијативноста, одговорноста, возможноста нешто да се постигне.
Во побогатите држави на Западна и Северна Европа, напротив, доминира важноста од резултатите на трудот. Резултатите од својата работа се важни за дури 70-80% од анкетираните во Северна Европа, а за околу 50% во Холандија, Белгија, Швајцарија и Франција.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче