Русија ги зацврстува своите позиции на Арктикот со нови бродови

Во вооружувањето на морските единици на Федералната погранична служба на Русија ќе се вклучат бродови со поголема отпорност во зимски услови.

Во вооружувањето на морските единици на Федералната погранична служба на Русија ќе се вклучат бродови со поголема отпорност во зимски услови. Ова го соопшти вице-претседателот на Обединетата бродоградежничка корпорација, Игор Захаров.

„Ние добивме нарачка, и таквите патролни бродови веќе ги градиме“, изјави Захаров. Според неговите зборови, во корпорацијата не престанува работата за производство на бродови кои имаат поголема отпорност во зимски услови“.

Освен тоа, во корпорацијата работат и над други арктички проекти. Неодамна беше конструирана првата хеликоптерска платформа за Штокманското наоѓалиште, која е предвидена за работа во зимски услови. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња