До што ќе доведат десетте проценти данок на кипарските влогови

Од кризата во Кипар најмногу ќе настрадаат Русите. И на крај, Русија ќе треба да го спасува Кипар, уверена е Ана Каледина.

Условот кој го даде Европската Унија е навистина без преседан. Ниту еднаш во развиената Европа проблемите на државата не се решавале на сметка на самите банкарски корисници. Зошто ЕУ се реши на таква силна мерка, која неизбежно ќе доведе до социјална напрегнатост во Кипар?

Проблемите на Кипар станаа очигледни веднаш после грчката трагедија, бидејќи банките во таа држава беа големи корисници на грчките облигации, но и на грчките кредитни организации. Постои мислење дека после операцијата за спас на Грција, европските власти се измориле и решија да воведат во Кипар нов модел за решавање со финансиските проблеми. Според податоците на кипарската Централна банка, во локалните банки се наоѓаат околу 70 милијарди евра, од кои на нерезиденти припаѓаат дури 26,8 милијарди евра. Имено затоа ЕУ го предупреди Кипар, бидејќи средствата кои ги поседува Кипар во банките се 4 пати поголеми од вкупниот БДП на државата.

И покрај убедувачките заклучоци, условот на ЕУ, меко кажано, е чуден. И тоа не е само саботажа на основата на западниот свет - неприкосновеност на приватната сопственост, туку и целосно игнорирање на  банкарските гаранции кои се воведени за време на кризата.

Како прво, овој данок без сомневање ќе доведе до масовно одливање на банкарските штедни влогови, а потоа и до крах на банкарскиот систем на Кипар. Ќе се постигне сосема спротивен ефект од желбата „да се спаси“ банкарскиот систем на Кипар. За да не се случи тоа, Централната банка ќе треба да воведе дополнителни мерки - да ги замрзнат на неопределено време влоговите, или да воведе камата за подигање на истите.

Второ - ваквото решение би довело до сериозни колебања на финансиските пазари. Во понеделникот сите финансиски пазари се отворија со пад. Руската берза настрада најмногу, за разлика од европските, бидејќи крупните играчи се во паника што ќе се случи со сметките и трансакциите во Кипар. Јасно е едно - додека ситуацијата во таа држава не се стабилизира, финансиските пазари постојано ќе се тресат. И не само тоа, еврото падна во однос на доларот, што е сосема очекувано во оваа ситуација.

Според податоците на руската амбасада во Кипар, таму живеат околу 40.000 Руси, кои помалку или повеќе ќе треба да платат за проблемите на банкарскиот систем на островот. Но тоа е само површината. Подводните теченија се далеку помоќни отколку површинските.

Руска реч на македонски ќе продолжи да ја следи ситуацијата околу разрешувањето на кризата во Кипар.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња