Думата одори два предлог-закона за олеснување на процесот на добивање на државјанство на Руската Федерација. Првиот законски проект, чиј иницијатор уште во април 2012 година е лично Владимир Путин, се однесува на децата, чиј родител е странски граѓанин. Според поправките во законот „За државјанството на Руската Федерација“, нема да има потреба од согласност од родителот-странец за да се даде руско државјанство на детето, туку само барање од родителот кој веќе има руско државјанство.
Вториот проект ја упростува процедурата за добивање на државјанство на оние лица, кои учествуваат во државната програма за преселба на русите кои живеат во другите држави, како и за членовите на нивните семејства. Според оваа програма за преселба, досега во Русија се преселиле 125.000 луѓе.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче