Ваква изјава тој даде во саботата, на прес-конференцијата по министерскиот состанок за Сирија во Париз.
„Ја повикувам опозицијата да размислува за тоа како војува Алепо и да пристапи кон преговори и дијалог... Барам од (шефот на Врховниот комитет за преговори на опозицијата на Сирија) Ријад Хиџаб и опозицијата да размислат за начинот за спас на Алепо и за почеток на преговори и дијалог“, изјави Кери, пренесува РИА „Новости“.
„Јас не барам од нив да капитулираат или да се предадат, но барам да се почне дијалог, вистински дијалог, кој не можевме да го почнеме оваа година, вистинска дискусија за политичко решение по повод транзицијата, новиот устав, изборите, по повод цивилите кои не можат да го направат тоа што, како што ветивме, тие ќе успеат да го направат“, додаде тој.
Кери притоа истакна дека решавањето на ситуацијата во Алепо нема да доведе до решение на конфликтот во Сирија. Според него, конфликтот не може да се реши на вооружен начин.
На средбата која се одржа во саботата во француското Министерство за надворешни работи, покрај шефот на француското МНР Жан-Марк Еро, присуствуваа неговите колеги од Германија - Франк-Валтер Штајнмаер, САД - Џон Кери, Катар - Мохамед бин Абдул Рахман Ал Тани, Велика Британија - Борис Џонсон и Турција - Мевлут Чавушоглу, како и претставници на Саудиска Арабија, Обединетите Арапски Емирати, Италија и Јордан. Исто така, на средбата присуствуваше и шефицата на европската дипломатија Федерика Могерини. Исто така, беше соопштено и дека учествува шефот на Врховниот комитет за преговори на сириската опозиција Ријад Хиџаб и шефот на локалниот совет на Алепо Брита Хаџи Хасан.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче