Руски воени лекари ѝ го спасија животот на ранeта новинарка на РТ во Сирија

RT / Facebook
Новинарката беше ранета вчера од експлозија на мини во сирискиот град Марат ел Нуман во Идлиб.

Руските воени лекари ѝ го спасија животот на репортерката на телевизијата RT Вафа Шабруни која беше ранета во Сирија, соопшти Министерството за одбрана на РФ.

По одлука на министерот за одбрана Сергеј Шојгу, воените лекари од групата руски сили во Сирија веднаш пристигнаа во градската болница во Хама, се наведува во соопштението за медиумите. Од воздухопловната база Хмејмим синоќа беше испратен руски транспортен хеликоптер за Хама.

По укажаната итна медицинска помош, Вафа Шабруни во придружба на руски воени лекари беше префрлена во воздухопловната база Хмејмим. Во текот на ноќта таа прими сложена терапија, со извршени две консултации со водечки експерти од Воената медицинска академија „С. М. Киров“ и Главната воена клиничка болница „Н. Н. Бурденко“ во Москва, соопшти воениот ресор.

Шабруни во моментов е во тешка, но стабилна состојба, проценуваат руските воени лекари. Се разгледува нејзино префрлување во Русија заради давање, како што се наведува, високостручна медицинска помош во една од ресорните медицински установи.

Главниот и одговорен уредник на телевизијата RT и агенцијата „Русија денес“ (Россия сегодня) Маргарита Симоњан им се заблагодари на руските војници и министерот за одбрана Сергеј Шогу за спасувањето на животот на ранетата новинарка.

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња