„Денес „Маша плус каша“ е единствениот анимиран клип меѓу десетте најгледани во целата историја на „Јутјуб“, соопшти прес-службата на филмската компанија „Анимаккорд“. „Маша плус каша“ со 4 милијарди прегледи е четвртиот најпопуларен клип на „Јутјуб“.
Руската анимирана серија годинава го прослави својот десетти роденден. Преведена е на 36 јазици и ја гледаат во повеќе од 100 земји во светот.
Инаку, повеќе од милијарда прегледи на „Јутјуб“ имаат уште две епизоди на „Маша и мечокот“: „Пријатно“ има повеќе од 1,3 милијарди прегледи и „Големото перење“ повеќе од 1,1 милијарди.
Серијата „Маша и мечокот“ веќе влезе во Гинисовата книга на рекорди како нагледаниот цртан филм „Јутјуб“.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче