Маршал Жуков
russiainphoto.ru„Тато дојде околу дваесетти и рече дека бил кај Сталин и дека му е понудено да ја прими парадата по повод Денот на Победата. Тој беше добар коњаник, така што немаше потреба посебно да се подготвува, но сигурно знам дека вежбаше во една од коњушарниците. Потоа дојде денот на парадата. Ден претходно кај нас дома владееше весела, меѓутоа полна со возбуда атмосфера, која тато веројатно самиот ја создаваше. Мундирот со закачените ордени беше претходно подготвен и висеше на закачалка“, вели Ера.
Според нејзините зборови, таткото дома работел над говорот што го одржа на парадата. Првин го вежбал сам, а подоцна пробал пред домашните кои ги собрал околу себе.
„Утредента беше парадата на која тргна целото наше семејство. Во десет часот тато се појави на коњ. Таа глетка никогаш не се заборава, затоа што имаше и возбуда и гордост. Сé помина беспрекорно, сé испадна добро, додава Жукова.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче