Видео: Единаесет епизоди од „Маша и мечокот“ кои не смеете да ги пропуштите

Animakkord
Палавштините на малото девојче и големиот мечок го сочинуваат сижето на најпрепознатливиот руски анимиран филм на светот. Секоја епизода трае седум минути и на „Јутјуб“ има милиони прегледи. Која е вашата омилена авантура на Маша?

День кино (Акција!), 42 епизода

Зимата е долга и на Маша ѝ е здодевно. Што би можела да прави? Па, се разбира, зошто да не снимиме филм? Но, Маша и нејзините другари не можат да се сложат каков би требало да биде заплетот. Нешто со чудовишта? Или за вонземјани? А како би било темата да биде бродолом?

Крик победы (Крик на победата), 47 епизода

Мечокот ја сретнува девојката од соништата и се обидува да ја шармира. Таа го сака тенисот, па затоа тој во својот двор прави тениски терен. Но, неговите обиди се безуспешни, па Маша одлучува да организира турнир за да му помогне на својот пријател.

Подкидыш (Најденче), 23 епизода

Маша пронаоѓа непознато јајце и наскоро дознава дека му припаѓа на пингвин. Сега мечокот мора да биде посебно грижлив (затоа што тој е еден вид дадилка на Маша). За својот мал пријател тој готви специјална храна, му прави аквапарк и на крај со авион го испраќа во неговата земја.  

Героями не рождаются (Таков јунак не се раѓа), 43 епизода

Маша сака да стане суперхерој, но дали нејзината храброст може да помогне некому? Да се биде суперхерој не значи само да се носи чуден костим...

Маша плюс каша (Маша плус каша), 17 епизода

Маша бара од мечокот да ѝ даде нешто за јадење и го прекинува во неговата игра. Мечокот вари каша, но на Маша кашата не ѝ се допаѓа/ Мечокот си заминува налутен, а Маша решава самата да си зготви јадење. Резултатот е вистинска катастрофа.

Неуловимые мстители (Неуловливи одмаздници), 51 епизода

Во оваа епизода можете да запознаете уште еден пријател на мечокот – пандата, која играјќи си со Маша, ја уништува целата куќа.

Приятного аппетита (Добар апетит!), 24 епизода

Пандата прави кинески ролат, но тогаш доаѓа Маша и му дава неколку совети за готвење. Тоа се претвора во вистински мастерклас со пеперутки!

Фокус-покус (Хокус-покус), 25 епизода

Надвор врне и мечокот е сигурен дека Маша ќе остане дома. А Маша сака да си игра со кутија на магионичар. Таа ги испробува сите трикови и мечокот набрзо посакува да не се мешал во таа работа...

Красота - страшная сила (Опасна убавина!), 40 епизода

Маша од кујната прави фабрика за слатки. Но, ќе ја здоболи заб откако ќе изеде толку многу шеќер! Деца, чувајте си ги забите!

Осторожно, ремонт! (Работа во тек), 26 епизода

Мечокот сака да закачи нова слика на ѕид, но тоа се претвора во големо реновирање. Маша ги повикува другите животни да му помогнат на нејзиниот голем пријател.

Праздник на льду (Празник на мраз), 10 епизода

Маша сака да научи да лизга, но мечокот паѓа во зимски сон. Што да прави? Се разбира, мора да го разбуди! Мечокот нема избор, но стигнуваат и добри вести: конечно го освојува срцето на мечката.

Прочитајте ја приказната за успехот на „Маша и мечокот“

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња