Рускиот цртан филм „Маша и мечокот“ влезе во Гинисовата книга на рекорди

Скриншот

Епизодата „Маша плус каша“ има преку три милијарди прегледи на „Јутјуб“.

Епизодата на најпопуларниот руски цртан филм „Маша и мечокот“ под називот „Маша плус каша“ е најгледаниот анимиран клип на „Јутјуб“ и како таков влезе во Гинисовата книга на рекорди, потврдува прес-службата на компанијата „Анимаккорд“ која го продуцираше серијалот, пренесуваат руските медиуми.

Епизодата „Маша плус каша“ влезе во Гинисовата книга на рекорди станувајќи на тој начин цртан филм/анимирана видеоснимка со најмногу прегледи на „Јутјуб“. Заклучно со денес наведената епизода забележа 3,3 милијарди прегледи и на тој начин стана единственото анимирано видео во светот кое се наоѓа меѓу петте најпрегледувани содржини на „Јутјуб“ кога било, објаснуваат претставниците на компанијата.

Верзијата на епизодата „Маша плус каша“ на англиски јазик под наслов Recipe For Disaster забележа 45,7 милиони прегледи на каналот Masha and The Bear. Интересно е што месецов цртаниот филм кој ги освои децата и возрасните ширум планетата слави десет години од појавувањето на првата епизода на анимираната серија. Премиерата на новата епизода „Животот е театар” е најавена за 25 јануари.

Вкупниот број на прегледи на руската анимирана серија, преведена, инаку, на 36 јазици, надмина 42 милијарди. Притоа некои критичари на Запад и земјите на ЗНД го прогласија цртаниот филм за ѓаволестата малечка Маша и нејзиниот голем заштитник Мечокот за неразделив дел на кремљовската пропаганда. Според пишувањето на британските медиуми, се работи за орудие на „меката сила“ на Русија. Продуцентот ги смета овие обвинувања за смешни и неосновани.

Правата за прикажување на рускиот цртан филм ги купија компании како што се „Нетфликс“, „Тарнер“, КИКА, France TV, „Сони Мјузик“, Ен-Би-Си Јуниверзал, Televisa.

Видео: Единаесет епизоди од „Маша и мечокот“ кои не смеете да ги пропуштите

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња