Ова се најекстравагантните подароци што ги добил Сталин (ФОТО)

Kira Lisitskaya (Photo: Getty Images; Legion Media; Михаил Хмелько/Третьяковская галерея; Свердловский областной краеведческий музей имени О. Е. Клера)
Тони и тони уникатни подароци пристигнувале за Сталин од сите советски републики и другите земји, покажувајќи ја силата на култот на неговата личност.

Култот на личноста на Сталин беше толку моќен во СССР што луѓето често беа подготвени да се откажат од својот омилен имот само за да го израдуваат „саканиот татко на советскиот народ“. Ширум Советскиот Сојуз се правеа најекстравагантни подароци, како и во други земји, на пример, Кина. Луѓето честопати беа подготвени да вложат големи напори за да му подарат на вождот нешто навистина посебно.

Во некои случаи, пристигнуваа толку многу подароци што на јавноста ѝ беа презентирани во вид на изложба. Тоа се случи на 70-тиот роденден на Сталин на 21 декември 1949 година.

Вкупно пристигнаа над 23000 подароци кои беа прикажани на изложбата.

Водачот на Украинската Советска Република му ја испрати на Сталин епската слика „Триумфот на победничката Мајка-Татковина“ од Михаил Хмељко. На сликата е прикажана историската Парада на Победата од 24 јуни 1945 година, со неверојатен број детали. На неа се гледаат советски војници како ги фрлаат знамињата на поразените Хитлерови трупи пред мавзолејот на Ленин.

Сликарот за својата работа ја доби Сталиновата награда 1950 година. Денес сликата се наоѓа во Третјаковската галерија.

Од Азербејџан за Сталин пристигна рачно изработен тепих со неговиот портрет во средината. Тепихот беше огромен: речиси 70 квадратни метри, 35 милиони јазли, а на него работеа 70 ткајачки. Денес се наоѓа во Националниот музеј на уметноста на Азербејџан.

Работниците на Ленинградската фабрика за стакло му подарија на Сталин џиновска вазна, која ја нарекоа „Јубилејна вазна“. Вазната тежеше 1200 килограми и беше висока над три метри. Се наоѓаше на масивен пиедестал со портретот на Сталин и беше украсена со ѕвезди од рубин.

Еден од најнеобичните подароци, кој Сталин го доби од работниците од полската фабрика за авиони за Лоѓ, беше телефон во вид на глобус со дел кој личи на срп, а слушалката на чекан. Телефонот изгледаше како советскиот грб. Сепак, Сталин никогаш не го користеше.

Сталин бил познат како страстен пушач на луле. Еднаш доби многу необично луле од група американски шахисти. Тој беше мајсторски украсено со изрезбани фигури на Рузвелт и Сталин кои седат на маса и играат шах.

Подеднакво импресивни беа и подароците кои во различни пригоди доаѓаа од странство. На пример, владината делегација на Народна Република Кина во СССР му подари на Сталин слонова коска, неверојатно фино изрезбарена со приказ на змеј во облаци.

Уште еден неверојатен подарок од слонова коска беше кинеската композиција „топка во топка“ направена од едно парче скапоцен материјал! Внатрешните топчиња се направени низ отворите на надворешните топки. Ако ѕирнете во топката, можете да видите сè помали и помали топки внатре. Најмалата има дијаметар од само 10 см.

Во 1949 година Сталин доби подарок од анонимен дарител од Бразил. Столната лампа е направена од оклоп на оклопник и змиска кожа.

Меѓу подароците што ги доби Сталин за својот 70-ти роденден е и пепелникот со мапа на Латинска Америка направена од крилјата на пеперутката Morpho Menelaus.

Откако во 1931 година виконтесата Ненси Астор, првата жена што станала член на британскиот парламент, го запознала Сталин, таа му испратила интересен подарок. Тоа беше невообичаено грд пехар на кој беше прикажана руска мечка која го држи Наполеон. Се смета дека овој предмет е произведен во само еден примерок, бидејќи не е познато дека некаде постои нешто слично.

Вазната од теракота од Тоскана беше еден од најекстравагантните предмети на изложбата на подароци за советскиот лидер 1949 година. Додуша, авторите на изложбата ги покрија прикажаните еротски сцени додека ја изложуваа вазната, за да не предизвикаат непријатност кај честитите советски луѓе.

 

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња