NASA: Експлозија на метеорит која никој не ја забележа се случила во близина на Камчатка

Legion Media

Метеоритот паднал во Беринговото море, далеку од луѓе и станбени реони.

Во декември 2018 година дошло до најголемата експлозија на метеорит по случајот во Челјабинск 2013 година. Меѓутоа, тоа се случило далеку од луѓе, така што оваа појава останала практично незабележана. За тоа за Би-Би-Си зборува соработникот на планетарната заштита на NASA Линдли Џонсон.

Според податоците на американската вселенска агенција, метеоритот при експлозијата ослободил во атмосферата 10 пати повеќе енергија од атомската бомба фрлена врз Хирошима. Како што објаснува Џонсон, толку големи метеорити паѓаат на Земјата најмногу два-три пати во 100 години.

NASA објави дека метеоритот влегол во Земјината атмосфера на 18 декември со брзина од 32 километри во секунда под многу остар агол од 7 степени. Метеоритот се распаднал и ослободил ударен бран на висина од 25,6 километри над површината на планетата. Силата на „експлозијата” била еквивалентна на експлозија на 173 килотони ТНТ.

„Експлозијата ослободи 40% од енергијата на челјабинскиот метеорит, но тоа се случи над Беринговото море и затоа настанот не беше проследен во медиумите. Тоа е уште една заштита со која располагаме: на нашата планета има многу вода“, изјави Кели Фаст, менаџер на NASA за следење на објекти во близина на Земјата. 

Како и во случајот во Челјабинск, NASA не знаела дека на Камчатка ќе падне метеорит. Агенцијата дознала за тоа од американската војска која со помош на сателити ја забележала експлозијата во атмосферата.

Падот на метеоритот во Челјабинск се случи на 15 февруари 2013 година. Тогаш во Земјината атмосфера во близина на градот влезе небесно тело со пречник од 17 метри и маса од околу 10 илјади тони. Се смета дека тоа е најголемиот метеорит што паднал на Земјата по Тунгускиот метеорит 1908 година.

Метеоритот се распадна поради триењето и испрати ударни бранови со сила од околу 440 килотони ТНТ. Благодарение на тоа што инцидентот се случи дење во близина на голем град, тоа беше еден од најдобро документираните во историјата случаи на пад на големо небесно тело во историјата.

Прочитајте повеќе: Второ сонце: Како во Русија падна најголемото космичко тело во историјата

При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.

Дознајте повеќе

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња