Топ 6 места во Русија каде може да се најде метеорит

Младите посетители на Московскиот планетариум ја разгледуваат експозицијата на метеорити на отворањето на планетариумот по неговата реконструкција. 2011 год. Извор: Григориј Сисојев/РИА Новости.

Младите посетители на Московскиот планетариум ја разгледуваат експозицијата на метеорити на отворањето на планетариумот по неговата реконструкција. 2011 год. Извор: Григориј Сисојев/РИА Новости.

Метеоритот кој помина над територијата на Челјабинската област, падна во водна акумулација на еден километар од градот Чебаркуљ. Сепак, некои места во Русија на кои паѓаат метеорити сè уште не се определени, а за постоењето на многу од нив човештвото дури и не е свесно.

Секоја година околу илјада небесни тела со вкупна маса од околу два тона стигнуваат на земјината површина. Но, постојат определени локации на кои паѓаат метеорити, а кои во различни времиња биле забележани од страна на туристи и од трагачите по метеорити. „Руска реч“ направи избор на најпознатите случаи на паѓање на метеорити во Русија, чии географски координати се достапни за секој што сака да си најде парче „небесно тело“. 

Одамна познатите местата каде паѓаат метеорити се епицентар на „метеоритската треска“ – понекогаш има толку многу парчиња од метеорските дождови, што луѓето долго време не можат да ги соберат. Така, трагачите по метеорити во тек речиси цел век ја пребаруваат Сибирската тајга во потрага по множество „небесни остатоци“. Сепак, Сибир не е единственото место на кое треба да се обрне внимание, доколку сте решиле да тргнете во потрага по небесно тело што паднало на Земјата.

Приморски крај 

Сихоте-Алински железен метеорски дожд


Прикажи већу мапу

 
Извор: Википедија.

Сихоте-Алинскиот метеорит паднал во близина на селото Бејцухе (сега ова село се нарекува Метеоритно) во Приморскиот крај во Усуријската тајга во планината Сихоте-Алињ на Далечниот Исток на 12 февруари 1947 година. Метеоритот се распаднал во атмосферата и паднал во облик на железен дожд на територија од 35 квадратни километри. Во главниот дел на „елипсата на паѓање“ биле пронајдени 160 кратери со дијаметар од 1 до 28 метри. Длабочината на најголемиот кратер е 6 метри, а овој метеорит се вбројува меѓу најголемите десет метеорити во светот. Многу од неговите делови не се пронајдени, голем дел од нив до денес се наоѓаат во стеблата на дрвјата, така што не треба да се ползи по земја со детектор за метал. 

Освен тоа, на територијата на Приморскиот крај се наоѓа Кратерот Соболев, кој бил создаден пред околу 1000 години. Овој кратер е со дијаметар од 53 метри.

Република Тива

Метеорит Чинге


Прикажи већу мапу

Бородино

 

Метеоритот паднал наспроти Бородинската битка на местото каде се наоѓале руските артилериски батерии, позиционирани во селото Горки. Метеоритот долго време бил чуван кај семејството на командирот на батеријата А.И. Дитрихс и дури во 1892 година (80 години по паѓањето) бил предаден од страна на неговите потомци на Руската академија на науките. 

Првите остатоци од метеоритот Чинге биле пронајдени во 1912 година на брегот на реката Ургајлик-Чинге, на системот Елегест, на гребенот Востојни Тану-Ола. Во горниот дел од течението на реката бил пронајден златен песок, што ги донело тука трагачите по злато за време на „златната треска“ во Тува во почетокот на 20 век. Масивните парчиња метал (камацит), кои биле пронајдени всушност биле парчиња од космичко потекло, а еден од рудниците по течението на Чинге бил наречен „Метеорски“. Метеоритски остатоци долж реката можат да се најдат до денешен ден.

Волгоградска област 

Метеорит Царјов


Прикажи већу мапу

Паѓањето на метеоритот Царјов (тежок 1225 килограми) се случило уште во 1922 година, сепак тој бил пронајден дури во 1968 година за време на раскопувањето на совхозот „Ленински“. Првата информација за наоѓањето била добиена дури по 11 години од заварувачот Борис Никифоров. 

До денес се најдени околу осумдесет парчиња од метеоритот Царјов. Некои од нив се чуваат во приватни колекции, но најголемиот дел од нив се наоѓа во Москва, во Руската академија на науките. Нивната тежина варира од педесет грама до 283 килограми. Метеоритот Царјов е трет по големина и по тежина метеорит за целата човечка историја. Потраги по неговите остатоци се одвиваат и денес.

Татарстан 

Метеорски дожд Каинсаз


Прикажи већу мапу

Во Татарстан се наоѓа најголемиот метеоритски кратер во Русија – Карлинскиот кратер. Неговиот дијаметар изнесува 10 километри, а се претпоставува дека е стар 5 милиони години. Кратерот се наоѓа западно од градот Буинск, на границата со Чувашија. 

На територијата на Татарстан сè на сè се пронајдени 4 метеорити. Најголем меѓу нив е Каинсаз кој паднал на 13 септември 1937 година во Мусљумовскиот реон. Неговото паѓање се случило на 13 септември 1937 година во селото Каинсаз. Уникатната појава ја набљудувале локалните жители. Тежината на метеоритот, кој се распаднал при падот, била поголема од 210 килограми. 

Трагачите по метеорити започнале масовно да доаѓаат во селото Каинзас дури кон крајот на минатиот век, а има уште време за да се најдат големи парчиња. 

Челјабинск 

Метеорски дожд Кунашак


Прикажи већу мапу

Вчерашниот метеорски дожд во Челјабинск не е прв во неговата историја. На 11 јули 1949 година метеорски дожд паднал на територија од 194 квадратни километри во Челјабинската област. Биле пронајдени дваесет парчиња со заедничка тежина од речиси 200 килограми. Староста на Кунашакскиот метеорит не е многу голема: само 720 милиони години. На парчињата од метеоритот, за разлика од други случаи на паѓање на космички објекти, не е пронајдена кора од топење, а научниците ова го објаснуваат со високата

густина на тврда материја на самиот метеорит за разлика од кревката кора, која паднала за време на минувањето на метеоритот низ атмосферата.

Краснојарски крај 

Тунгуски метеорит


Прикажи већу мапу

Остатоците од Тунгускиот метеорит не се пронајдени, така што неговото потекло е една од главните загатки во научната јавност. Во 1908 година над територијата на басенот на реката Енисеј пролетала огнена топка. Летот завршил со експлозија на висина од 7 до 10 километри над ненаселен дел од тајгата. Експлозивниот бран бил забележам во опсерваториите низ целиот свет, па дури и на Западната полутопка. Како резултат на експлозијата биле соборени дрвјата на територија од 2000 квадратни километри, биле искршени стакла на неколку стотици километри од епицентарот на експлозијата. Во текот на неколку дена на територијата од Атлантикот до централен Сибир се гледало интензивно светење на небото и облаци што светеле. Дури и денес постојат многу верзии за потеклото на ова небесно тело – од последиците на експериментите на Никола Тесла до комети. Администрацијата на Краснојарскиот крај има направено туристички маршрути на местото на паѓањето на Тунгускиот метеорит, меѓу кои и такви кои се наменети за странските туристи.

Трагачи по метеорити

 

магнетометр

Основна техника за мерење на магнетизмот е со помош на магнетометри и градиентометри. При потрагите по метеорити тие се многу поефикасни од детекторите за метал, благодарение на опфатот на поголеми длабочини и широчини. Така, благодарение на оваа современа техника ви Антарктикот биле пронајдени 20 метеорити за временски период од 4 часа. За многу трагачи по метеорити потрагите се повеќе од хоби – познати се случаи кога „трагачите“ заработувале повеќе од милион евра од продажба на метеорити. Цената, пак, за парче од метеорит може да се движи од 300 до неколку илјади евра. Во Русија проценка и парична награда за метеорити дава Руската академија на науките.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња