Парчиња од метеори ранија над 700 луѓе во Русија

Извор: ИТАР-ТАСС.

Извор: ИТАР-ТАСС.

Метеорскиот дожд во Русија повреди најмалку 700 луѓе - пренесуваат различни извори. Во меѓувреме, руските власти ги повикуваат светските сили да спречат во иднина паѓање на објекти на Земјата.

Првично, локалната служба за итни случаи во Челјабинскиот регион изјави дека метеорит паднал во градот, пренесува Интерфакс.

„Објект, кој привремено е идентификуван како метеор, беше забележан како паѓа, распаѓајќи се на повеќе делови во погорните слоеви на атмосферата“, се пренесува од изворот.

Луѓето во регионите на Свердловск и Челјабинск ги предупредија локалните служби за објектот кој паѓаше од небото.

„Локалните жители, исто така, објавија дека паѓаат зажарени објекти од небото. Некои од нив помислија дека станува збор за авион. Меѓутоа, во регионот воопшто немало никакви авионски несреќи. Сите летови се одвивале според распоредот. Прозорците во многу куќи биле искршени како резултат на падот на метеорот“, се пренесува од изворот. Ученици од средното училиште бр. 130 во Челјабинск добиле мали повреди откако неколку прозорци биле скршени.

Дел од метеоритот паднал и во Сатка во Челјабинскиот регион, град кој се наоѓа на 80 километри од административниот центар. Извор: Youtube / martysoffice.

„Прозорци се искршени во многу куќи во Сатка, како и во Челјабинск“, пренесува службата за итни случаи.

„Петмина побарале медицинска помош во болниците откако паднал метеорскиот дожд“, изјави Владимир Степанов, директор на Центарот со справување со кризи за време на своето обраќање на телевизија.  

„Преку 700-на луѓе се повредени, вклучувајќи деца. Тие се повредени од скршено стакло. Сите, освен петмина, добиле медицинска помош, после која можеле да заминат дома. Овие пет пациенти имале подлабоки рани, па мораат да останат во болницата“, изјави Владимир Степанов.

Извор: ИТАР-ТАСС.

Метеоритот оштети згради во шест градови. „Тоа што се случи во Урал не е метеорски дожд, како што порано се соопшти“, пренесува портпаролот на Министерството за вонредни состојби, Елена Смирних. „Тоа беше метеор кој помина низ долните слоеви на атмосферата. Сепак, тој предизвика ударен бран кој ги скрши прозорците во неколку куќи во регионот“.

„Нема зголемување на нивото на радијација“, додаде Смирних.

Метеорот не предизвика прекин во мобилната комуникација во регионот. Не се очекува парчиња од метеоритот да паднат на Земјата. Сепак, регионалните служби се известени и се во готовност“, изјави портпаролот.

Руска реч на македонски ќе продолжи да ја следи ситуацијата. Во текот на денот ќе ви соопштиме повеќе детали за оваа случка. 

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња