Со испитувањето на фрагментот од Челјабинскиот метеорит, кој во февруари падна недалеку од градот Челјабинск, се утврди дека неговата старост е приближно еднаква на староста на Сончевиот систем, изјави академикот Михаил Маров од Институтот за геохемија и аналитичка хемија „В. И. Вернадски“ при Руската академија на науки.
„Староста на Челјабинскиот метеорит практично се поклопува со староста на Сончевиот систем, за кој се проценува дека е стар 4,56 милијарди години“, истакна Маров.
Тој напомна дека староста на метеоритот е установена преку анализа на неговиот изотопен состав. Според зборовите на Маров, со проучувањето на самата материја на метеоритот, научниците имаат можност да „погледнат во минатото на Сончевиот систем и да се обидат да ја сфатат неговата историја и еволуција“.
Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче