Научници ја открија тајната на метеоритот од Челјабинск

Извор: Википедија.

Извор: Википедија.

Еден месец по паѓањето ма метеоритот во околината на Челјабинск, кој направи голема врева во вистинска и во преносна смисла, руските научници ја пресметаа неговата тежина, а исто така и ја определија неговата старост.

Првичната маса на космичкиот објект кој падна на 15 февруари годинава во околината на Челјабинск, се проценува на околу 10-18 илјади тони, а големината му била 17-20 метри. Ова го соопшти директорот на Институтот за геохемија и аналитичка хемија „В.И. Вернадски“ (ГЕОХИ) при Руската академија на науките Ерик Галимов.

Маса и големина

 

Првичната маса на космичкиот објект се проценува на околу 10-18 илјади тони, а големината му била 17-20 метри. 

Според научникот, до површината на Земјата долетале не повеќе од 10% од првичната маса на космичкото тело – тоа е околу илјада тони, додека сета останата маса се претворила во прав и се расеала во атмосферата. 

Притоа научниците успеале да соберат околу три килограми метеоритски материјал. „Определено количество отиде во рацете на љубителите“, изјави експертот. 

Моќноста на ударот кој се разнесе низ Челјабинск во моментот на паѓањето на метеоритот, не е поголема од еден килотон, иако вкупната енергија на експлозијата е оценета на 500 килотони, изјави шефот на лабораторијата за метеоритика при ГЕОХИ Михаил Назаров.

Според приближните пресметки неговата старост е некаде околу 4.5 милијарди години.

„Метеоритот во атмосферата губи 90% од својата маса, Истото се случува и со енергијата – вкупната енергија била 500 килотони. Но, на Челјабинск таа енергија изнесувала одвај еден килотон“, изјави Назаров. 

Научниците се обидоа со помош на изотопна анализа да ја определат и староста на метеоритот. Сепак тие не успеале да добијат точна оценка, бидејќи за сето свое време на постоење метеоритот под влијание на надворешните фактори претрпел поголеми измени. Според приближните пресметки неговата старост е некаде околу 4.5 милијарди години. 

Најпрво тој бил дел од голем астероид, од кој потоа се одделил и почнал слободно да лета. Пред околу десет милиони години во него удрило некое друго космичко тело. За тоа сведочи топењето, кое се случило од големото загревање на метеоритот. Сиве овие перипетии довеле до тоа на Земјата да долета прилично ровко тело. Имено затоа тоа прилично лесно се распаднало на помали делови, кои дојдоа во атмосферата на Земјата. 

Според Ерик Галимов „не станува збор за нешто мистериозно, туку имаме работа со обичен хондрит, кој е основен дел на метеоритите“. 

Во основа тој е составен од силикат, помалку од 10 проценти отпаѓаат на метали, меѓу кои цинк, железо, хром, кобалт, алуминиум итн. 

Директорот на центарот за интелектуална сопственост на Стопанската комора на Челјабинската област Елена Левина за ИТАР-ТАСС изјавила дека веќе се поднесени четири барања за регистрација на трговски марки кои се поврзани со фразата „челјабински метеорит“. „Барањата во основа се поврзани со кондиторски производи“, изјави Левина. 

Паѓањето на метеоритот во Челјабинската област на 15 февруари 2013 година е најголемиот „судир“ на Земјата со космички објект во ова столетие. 

Утрото на 15 февруари жителите на низа региони од Уралот можеа да го видат летот на болидот, по што се случи палење и моќна експлозија. Ударниот бран оштети повеќе згради и искрши голем број стакла во Челјабинск, а повеќе од илјада луѓе беа повредени како последица на исеченици од скршените стакла. 

Според материјалите на РИА Новости, Газета.ru., ИТАР-ТАСС, Гласот на Русија и Росијскаја газета.

Сите права ги задржува „Росијскаја Газета“.

Овој веб-сајт користи колачиња. Кликнете овде за да дознаете повеќе.

Прифати колачиња