Пред неколку дена во Хабаровскиот крај на Русија падна голем метеорит, кој при падот закачи врв на вулкан и се сруши во корито на река. Властите не ја исклучуваат можноста за воведување вонредна состојба, соопшти раководителот на Верхњебуреинскиот реон Алексеј Маслов.
„Судејќи според сѐ, метеоритот бил огромен, ако можел да го прекрие коритото на реката со слој висок 40 метри. На местото се упатени две групи: една од Верхњебуреинскиот реон, а втората од Амурската област. Тие имаат сателитски телефон и дозиметри за утврдување на нивото на радијација. Во Бурејската хидроелектрана неколку дена се бележи намален дотек на вода во вештачкото езеро, а стручњаците не можеа да ја утврдат причината за тоа. Се надевам дека групите наскоро ќе пристигнат на местото и дека ќе добиеме подетални податоци“, изјави Маслов за порталот «Хабаровски крај сиводња».
Според достапните податоци, коритото на реката Буреја е затрупано на место оддалечено околу 70 километри од најблиската населба Чекунда. За ова е известен министерот за вонредни состојби на Русија.
Маслов истакна дека, во случај метеоритот да ја пренасочува водата од реката, поради што може да дојде до поплава, ќе биде прогласена вонредна состојба.
Во процената на ситуацијата се вклучени и сателити од вселената.
На интернет исто така се објавени и снимки од локацијата на падот на метеоритот. Според авторот на снимката, небесното тело формирало џиновска брана која би можела да го блокира протокот на вода во реката.
При користење на материјалите на Russia Beyond задолжителен е хиперлинк до изворот од кој е преземен материјалот.
Претплатете се
на нашиот билтен!
Добивајте ги најдобрите стории на неделата директно во вашето сандаче